Ким Кардашиан и нејзините познати сестри Клое и Кортни објавиле видео и нови фотографии на кои ја промовираат својата нова колекција облека „Sears“. Фотографиите ги снимила познатата фотографка Ани Леибовиц.
Трите сестри позирале во долна облека, елегантни фустани и во облека со леопард дизајн. Само пет дена по венчавката со Крис Хемфрис, Ким започнала со своите нови бизнис потези. Заедно со сестрите снимањето за новата колекција го најавила уште пред неколку месеци, но тоа дури пред неколку дена се реализирало.