Популарните сестри Кардашиан после линијата фармерки и накит, со кој успешно се пласирале на пазарот, од неодамна започнале да продаваат долна облека со нивниот потпис. Започнале да прават кампања која ја рекламира нивната линија долна облека, а Ким преку својот Фејсбук профил ја поделила и првата фотографија. Фотографијата од кампањата за брендот “Kardashian Collection Intimates” самата по себе била исклучително атрактивна.

На неа се наоѓале трите сестри по долна облека од сопствената компанија во провокативни пози. Нивната долна облека се продавала во познатиот американски ланец на стоковни куќи „Сеарс“. Цените се движат од 15 долари за градници, гаќички и доколенки, до 35 долари за секси боди со чипка.