Ким, Клое и Кортни Кардашиан потпишале договор со „Мастеркард“ според кој фотографии на трите сестри ќе ги красат кредитните картички на компанијата кои ќе се произведат само во определен лимитиран број. Клое изјавила дека милиони американци ќе ги носат нивните фотографии по џебовите.


Сестрите заработуваат на најразлични начини, одејќи до таа крајност што ги наплатуваат своите доаѓања на промотивни настани. Освен што биле звезди на едно реално шоу, издале и ДВД за вежбање и се неизоставен дел од холивудскиот јавен живот.