Сестри близначки од Кина, кои имаат по 25 години, одлучиле да го остварат својот сон и да станат мажи. Неодамна биле подлегнати на втората од вкупно трите потребни операции за промена на полот во воената болница во Шангај. Нивниот хирург Зао Једе рекол дека двете досегашни операции минале во најдобар ред. Тие и понатаму ќе мораат да штедат од платата како би можеле да ја направат и последната операција за промена на полот.
Сестрите од кинеската провинција Јунан отсекогаш сакале да бидат мажи. Лекарите рекле дека тие и претходно се облекувале како мажи, зборувале како мажи и се заколнале дека никогаш нема да се венчаат како жени. Според кинескиот закон, сестрите и понатаму ќе бидат жени додека не ја минат комплетната хируршка процедура, и додека не се пријават во надлежните институции и побараат промена на статусот.