Во финалето на натпреварувањето за Мис Либан 2012, кое било одржано во либанскиот главен град, титулата најубава либанка ја понела Рина Шибани, која има 19 години, додека нејзината сестра близначка Роми била прогласена за прва придружничка.
Како што пренеле медиумите, ова е прв пат во историјата на ова натпреварување две сестри да ги освојат главните награди. Нема сомнение дека жирито било на големи маки при носењето на одлуката која од сестрите да ја прогласи за Мис Либан 2012.