Карате репрезентативките на Босна и Херцеговина, Ема и Ена Селман се жртви на насилство откако во својот дом биле претапани. Сестрите близначки, целиот настан го споделиле со фотографии на социјалните мрежи на кои се видливи раните и последиците од физичката пресметка и насилството.

Сестрите го обвинија извесен Адел Вукчиќ за насилството. Како што објави Ема, тој дошол во алокохолизирана состојба и насилно влегол во домот.

Сакам на сите да ве известам за ситуацијата. Се се случи синоќа, кога на вратата од мојот дом дојде особа во видно алкохолизирана состојба. Влезе во станот и физички не искористуваше мене и мојата сестра. Ние сме жртви на насилство. Јас не се срамам, ова не е мое понижување, туку негово и цела негова фамилија. – напиша Ема на социјалните мрежи.

Ема ги охрабува сите жени на светот да не го трпат и кријат насилството, туку веднаш да го пријават со цел тоа веднаш да прекине и лицето да биде приведено и лишено од слобода.

Босанската полиција се впушти во расчистување на случајот.

OhridNews