Пејачката Мараја Кери има сестра со која не е блиска уште од 1994 година. Нејзината сестра е поранешен зависник од хероин и е ХИВ позитивна. Сега изјавила дека и недостига познатата сестра и дека сакала за прв пат да ги види нејзините деца. Сестрата на популарната пејачка во младоста работела како проститутка како би и обезбедила храна на денес една од најплатените и најпопуларни пејачки на светот. Сега работела како чистачка, а со Мараја не разговарала со години. Рекла дека и недостига сестрата.

Изјавила дека е чиста веќе четири месеци и дека нашла работа како чистачка. Сакала само да ја види својата сестра и нејзините деца. Ги видела нивните фотографии по весниците и рекла дека се преслатки. Била сигурна дека Мараја ќе биде прекрасна мајка, а нејзиниот сопруг Ник Кенон прекрасен татко. Биле блиски се до 1994 година кога Мараја со помош на нивната мајка се обидела да и го одземе старателството над синот Мајкл.