Младата сестра на познатата старлета Ким Кардашиан, Џенер Кендал, која има 18 години, добила непристојна понуда од една продуцентска куќа која се занимава со снимање порно филмови. Во нивната понуда пишувало: „Сакаме да размислите за пакет во вредност од повеќе од милион долари за партнерство од 90 дена, во кој период би минале еден час дневно во пренос во живо од вашиот дом“.
Како што шпекулираат медиумите, Кендал би морала да работи како девојка која би се соблекувала за корисниците за нивниот сајт, а дури и се нагаѓа дека доколку ја прифати понудата би морала да сними и еден порно филм, и така да тргне по стапките на Ким која токму со таков филм со кој го снимила со раперот Ер Џеј се „прославила“ пред седум години. Кендал е прво дете на Крис Џенер и нејзиниот сопруг Брус.