Откако дознал дека постарата сестра Лин живее од социјална помош, Дејвид Бекам бил многу вознемирен и збунет. Таа признала дека е во лоша финансиска состојба и дека прима околу 200 долари помош неделно. Таа е мајка на три деца, а моментално се разведува од сопругот кој препродавал кокаин.
Дејвид не знаел за нејзината состојба, а претходно и купил куќа и се грижел за неа и нејзините деца. Нивниот однос се заладил во последните неколку години поради нејзиниот сопруг криминалец. Иако се разведува, таа веќе започнала да живее со своето ново момче Кевин Бригс. Дејвид не бил задоволен ниту со нејзиниот нов избор.