Француската екипа Сесон го освои трофејот на меѓународниот ракометен турнир во Струга победувајќи го Динамо Букурешт со 33-24 во финалето.


Романците немаа одговор за разиграните французи кои многу мотивирано го започнаа финалниот натпревар.

Високата предност (18-12) од првиот дел ракометарите на Сесон не само што ја задржаа туку ја зголемија за конечни +9 (33-24).

Македонскиот преставник Струмица заврши на четвртата позиција претрпувајќи пораз од Бенфика во малото финале 31-27.

Петтата позиција му припадна на тимот Ал Замелек кој го совлада турски Бешикташ со 29-24.

Ohridnews