Спомениците на словенските просветители Свети Кирил и Методиј и на нивните ученици Свети Климент и Наум Охридски денеска се поставуваат покрај Камениот мост на левата страна на реката Вардар.


Поставувањето на спомениците, кои се дел од проектот „Скопје 2014“ започна рано изутрината околу шест часот. Спомениците се лиени во бронза во леарницата Фрокаро арте Виченца во Италија. Авторот на споменикот на Свети Кирил и Методиј е Жарко Башески и тој чини 540 илјади евра, а на Свети Климент и Наум е Перо Кованцалиев и тој чини 580 илјади евра.


Во рамките на проектот Скопје 2014 досега беа поставени спомениците на револуционерите од илинденскиот период Гоце Делчев и Даме Груев, како и на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.

OhridNews
Извор: “Макфакс”