Еден сервисер открил диск со доверливи податоци од британските државни служби во лап топ купен на e-Bay интернет пазарот на користена и нова стока, објави во четвртокот една продавница за компјутерска опрема од северна Англија.

Клиентот го донел компјутерот на поправка во понеделникот во продавницата Leapforg Computers во Болтон, рече Џонатан Пери кој е одговорен за продажба.

„Техничарот го отворил компјутерот за да ги види неговите компоненти, а кога ја тргнал тастатурата под неа видел ЦД диск“-рекол Пери. На дискот пишувало “Home office”, министерство за внатрешни работи, и  „приватно и доверливо“.

Владиното тело одговорно за одржување на редот и законот и борба против тероризмот, потврди дека дискот не е фалсификат и изјави дека го истражува инцидентот.

Кога Пери сватил дека навистина се работи за диск со заштита ја повикал полицијата. Утредента дошле шест агенти од службата за борба против тероризмот кои го зеле компјутерот заедно со ДНК примероци од сите кои што имале контакт со него.

Пери рече дека ЦД-то, највероватно било намерно ставено во компјутерот и додаде дека компјутерот бил украден пред да се појави на продажба на eBay.

Ова е последен непријатен случај на британските власти за губење на доверливи податоци.