Шпанската полиција соопшти дека запленила пратка од Венецуела во која имало сервис за јадење направен од 20 килограми кокаин. Попрецизно сервисот содржел 42 дела и тоа чинии, тацни и шолји.
Полицијата добила дојава за сомнителна пратка која била пратена од Венецуела на еден 35-годишен Шпанец од Барселона, кој бил уапсен кога пристигнал во поштата за да ја подигне пратката. Полицајците велат дека шверцерите стануваат се поинвентивни во обидите да внесат дрога во земјата.
Неодамна била уапсена и една жена од Еквадор која носела спрејови кои наместо со штирак, како што пишувало на налепниците, биле наполнети со кокаин.