Лидерот Наполи го претрпе првиот пораз сезонава во Серија А, откако синоќа загуби на гостински терен од Интер со 1-0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 78. минута од клупата за резервни фудбалери на местото на Грузиецот Квича Кварацкелија.

Победата на Интер ја донесе босанскиот репрезентативец Един Џеко во 56. минута.

Наполи остана лидер на табелата по 16. коло со 41 бодови, пет повеќе од Милан на второто место, а шест повеќе од третопласираниот Јувентус. Интер е на четвртото место со 33 бодови.

OhridNews