Избраниците на селекторот Звонко Шундовски, со освоеното петто место на
Европското првенство во бараж-двомечот со Австријците влегуваат како
фаворити, но и со огромна доза на претпазливост, свесни дека само со
максимална ангажираност ќе можат да стигнат до ракометниот Мундијал.


Со пласманот во вториот круг на ЕП ние добивме полесен противник во
баражот, тоа и беше наша цел, која успеавме да ја оствариме. Ние
рамноправно можеме да се бориме со Австрија. Ние имавме доволно време да
се подготвиме за баражот. Искусни сме и здрави и подготвени го
очекуваме мечот, очекувам и голема поддршка од навивачите, како што беше
во Хрватска, Србија и Гетеборг. Како капитен не се оптоварувам со гол
разликата поради тоа што некогаш ниту десет голови предност нема да ни
бидат гаранција дека ние сме се пласирале на СП. Мора да одиграме два
квалитетни натпревари“, рече капитенот на репрезентацијата Кирил
Лазаров.

Најдобриот стрелец во историјата на европските и
светските првенства, посакува предноста да се гради постепено во текот
на целиот натпревар, максимумот во играта да биде достигнат во
последните десет минути од мечот.

Слично како и капитенот размислува голманот на германски Гумерсбах, Борко Ристовски.

„Не
треба да и смееме да очекуваме дека Македонија ќе доминира во првото
полувреме и дека по 15 минути ќе имаме предност која во второто
полувреме само ќе ја зголемиме. На сите големи репрезентации им се
случуваат падови во играта, да се надеваме дека нашиот пад нема да биде
во последните 15 минути. Македонија секогаш најквалитетно ги играла
последните 20 минути. Австрија е многу незгодна репрезентација, не многу
квалитетна, и мислам дека е неправедно потценета, со прогнозите дека ќе
забележиме победа со 7, 8 или 10 голови разлика“, рече Ристовски.

Австријците
се добро анализирани и според селекторот Шундовски, иако станува збор
за квалитетна репрезентација, тешко дека на тактички план ќе може да
изненади.

Македонија на двата меча ќе оди на победа, рече
селекторот не сакајќи да каже колку голови предност ќе бидат доволни за
мирен реванш во Виена. Од почетокот на подготовките, стручниот штаб со
ракометарите најповеќе работеше на нивни освежување, бидејќи сите имаа
напорни сезони во клубовите и на техничко-тактичкиот дел.
„Максимално
сме подготвени за овој двомеч. Здравствениот билтен е задоволувачки,
имаме некои мали проблеми со повреди и со истоштеност на ракометарите.
Јас сум убеден дека сите репрезентативци на кои сметам дека ќе го дадат
својот максимум. Австрија е многу квалитетна репрезентација, која има
квалитетни играчи и која во ниту еден момент не смее да се потцени.
Имаат четворица искусни играчи кои играат во Бундеслигата, се работи за
германска школа на ракомет, играат дисциплинирано и од почетокот до
крајот знаат што сакаат, Шундовски.

Првиот бараж натпревар за
пласман на СП во Шпанија ќе се одигра во Скопје, во сабота, во „Борис
Трајковски“, со почеток во 16:30 часот. Реваншот во Виена на програмата е
на 16. јуни.

“макфакс“
Ohridnews