Најмалку седум лица загинаа, а четириесеттина се повредени во серија терористички напади што синоќа се случија во Лондон.

Најпрвин комбе влетало во маса луѓе на лондонскиот мост, на две локации имало неколку напади со ножеви, по што следеле неколку експлозии. Полицијата според пишувањата на британските медиуми убила тројца напаѓачи. На местото на настанот се силни полициски сили, а делови од лондон се затворени за сообраѓај и забрането е секакво движење.

Властите ги сметааат нападите за терористички чин.

Нападите во Лондон доаѓаат непосредно по крвавиот напад на концертот на Аријана Гранде во Манестер кога загинаа 22 лица, а десетици беа повредени.

OhridNews