На 29ти април РТВ Ниш емитуваше дваесет-минутна репортажа за Охрид. На 30ти април дневниот весник „Политика“ објави сторија за Охрид под наслов“ Србите најдобри гости во Охрид“. На 8ми мај РТВ БН во емисијата „За Шанком“ објави неколку прилози за Охрид, кои биле емитувани и на сателитскиот канал, како и на повеќе кабелски оператори, а сторија за Охрид на половина страна на 10ти мај објави и весникот „Денес“.
Неодaмна во Охрид престојуваа претставници на влијателни медиуми од Србија од каде во изминатите неколку години доаѓаат и најголем број од гостите на ривиерата.