Серија земјотреси регистрирани се рано изутрината со епицентар на 60 километри од северозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресите потекнуваат од призренското епицентрално подрачје и биле со интензитет од три  до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Серијата земјотреси биле регистрирани во интервал од 02 часот и 15 минути до 07 часот и 45 минути, а шест од нив биле почувствувани од страна на жителите во населените места во северозападниот дел на Македонија.

Засега нема информации за евентуална причинета материјална штети.

OhridNews
извор: Makfaks