Апаратите на сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска околу 15.22 часот, регистрирале земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје, во подрачјето на Берово. Земјотресот бил со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
Помал потрес околу 17.10 часот денеска беше почувствуван и во Охрид, но засега нема информации за епицентарот и интензитетот на земјотресот, кој внесе мала вознемиреност кај граѓаните.