Училиштата во Струга ќе ги зголемат мерките на безбедност по серијата немили настани и инциденти што се случија минатата недела.

Од пред  ОУ „Браќа Миладиновци“ во петокот имаше обид за киднапирање на третодделенецот Арди Бектеши, а во  средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ се случија две масовни тепачки меѓу ученици Македонци и Албанци.

Директорот на ОУ “БраЌа Миладиновци“, Агни Неџипи, вели дека како училиште ќе ги засилат мерките за обезбедување на учениците. „Ќе ги преземеме сите мерки ова да е последен ваков инцидент и никогаш да не се повтори, а од МВР очекуваме  да го реши случајот“, вели Неџипи.

Директороката на Средното училиште „Нико Нестор“, Мирјана Докоска,   е загрижена од, како што вели, се позачестените пресметки меѓу ученици од различна етничка припадност.„Постои загриженост кај родителите за безбедноста и сигурноста на учениците, и затоа ние ќе реализираме родителски средби со сите класови, за да се проговори за ова прашање и да се апелира до сите родители да влијаат кај сопствените деца.Често пати  една обична провокација знае да се претвори во мегусебен конфликт“, вели Мирјана Докоска.
 
Загрижени се и училишните психолози. Проблем е  што сите од учесниците во инцидентите се малолетници што  е причина повеќе институциите на државата да преземат соодветни мерки за нивна заштита, велат психолозите.

Мики Трајковски