Македонскиот репрезентативец, фудбалерот на Зулте Варегем, Александар Трајковски, од наредната сезона ќе настапува во италијанска Серија А, во дресот на Палермо.


Трајковски потпишал двегодишен договор со Палермо, екипа која по 34 натпревари се наоѓа на 10-то место во Серија А.

Дваесет идве-годишниот Трајковски во кариерата има настапувано за Цементарница 55, Интер Запрешиќ (Хрватска), а во Зулте Варегем е од 2011 година.

Една сезона како позајмен играч го носел дресот на Мехелен. За македонската репрезентација има одиграно 22 натпревари и постигнато четири голови. Трајковски сезонава одигра 33 натпревари за Зулте Варегем на кои четири пати беше стрелец.

Репрезентативецот е третиот Македононец кој од наредната сезона ќе настапува во Серија А, претходно Горан Пандев го договори своето враќање во калчолигата, тој од Галатасарај ќе се пресели во Џенова, а негов клупски колега ќе биде и Никола Јакимовски.

„Макфакс“