14 -та сезона по ред националниот ТВ канал Телма ќе емитува натпревари од италијанската серија А. Сезонава на програмата ќе се емитуваат по пет преноси секое коло од кое ќе се емитува и преглед но и специјален магазин како најава за секој калчо викенд.

Во првото коло кое е на програмата на 28, 29 и 30 Август  ќе има  пет директни преноси во термините сабота 18:00ч и 20:45ч и недела 18:00ч и 20:45ч. Во понеделник од 20:45 часот вонреден натпревар само во ова прво коло.

Според договорот стандардни ќе бидат термините во сабота од 18:00 и 20:45 часот, недела 12:30, 15:00 и 20:45 часот а секој понеделник преглед на колото се разбира и специјалниот магазин кој ќе ce емитува пред почетокот на секое редовно коло.

Ohridnews