Италијанската Сериа А започнува на 14 август. Шампионит Милан на домашен терен се среќава со Удинезе, вицепрвакот и освојувач на купот Интер гостува на Лече, а Јувентус во Торино се среќава со Сасуоло.
Петтото коло носи неколку дерби пресметки. На Сан Сиро се игра градското дерби Милан – Интер, во Фиренца се среќаваат Фиорентина и Јувентус, а Лацио во Рим го пречекува Наполи.
Во новата сезона ќе се играат 38 кола.
Г.М.