22:33 Земјотрес со магнитуда 4,7 степени според Рихтер е регистриран вечерва во 22:17 часот на 15 километри северозападно од Гостивар, во реонот на Маврово. Десет минути подоцна, регистриран е уште еден силен потрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер.

Претходно телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 20 часот и 40 минути, регистрира уште еден, послаб земјотрес во истото епицентрално подрачје

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

OhridNews