Екипите на Рома и Јувентус ги поделија бодовите во дерби средбата ремизирајќи 2-2 (2-1) во рамките од втората рунда во италијанската Серија А.

Актуелниот шампион во „калчото“ Јувентус треба да биде задоволен со освоениот бод, бидејќи во текот на натпреварот два пати имапе негатива и околу половина час играше со играч помалку. За прво водство на „волчицата“ погоди Веретут од белата точка. Роналдо од пенал изедначи на 1-1, а пред крајот на првиот дел Веретут со вториот погодок донесе нова предност. Во 62-та минута втор жолт доби Рабиот. Јувентус не се обесхрабри и преку Роналдо кој постигна маестрален погодок со глава се избор за егал и бод на Олимпико.

Пресметката помеѓу Елиф Елмас и Горан Пандев му припадна на помладиот фудбалер откако неговата екипа Наполи со 6-0 ја растури Џенова. Елмас кој во игра влезе во 22-та минута успеа да се запише во листата на стрелци и да го зачини убедливиот триумф.

Резултати:

Специја – Сасуоло 1-4

Верона – Удинезе 1-0

Кротоне – Милан 0-2

Наполи – Џенова 6-0

Рома – Јувентус 2-2

OhridNews