Италија полека излегува од кризата од пандемијата на коронавирусот. Властите од 3 мај ќе попуштат со мерките и почнаа да размислуваат за нормализирање на животот. Тоа значи дека и спортовите во Италија ќе се реактивираат.
Серија А го означи 4 мај како датум на кој ќе продолжи сезоната. На тој датум нема да има натпревари, туку играчите ќе почнат да тренираат со почитување на мерките за дистанца и заштита. Ако ситуацијата оди во позитивна насока, на 18 мај ќе се тргнат сите мерки и екипите ќе можат да тренираат во група.
Најава за „новата“ фудбалска сезона во италијанскиот фудбал ќе бидат полуфиналните натпревари во Купот на Италија на 27 мај. На 30 и 31 мај ќе стартува италијанската Серија А.
Пред сите активности, фудбалерите и целокупниот екипаж во клубовите ќе бидат тестирани на коронавирусот кој направил голем хаос на спортски план во целиот свет.
OhridNews