Италијанскиот Супер куп кој ќе означи почеток на втората полусезона во Серија А ќе се одигра во Џеди, Саудиска Арабија. За трофејот ќе се борат Јувентус – Милан, а дуелот ќе се одигра на 16 јануари во 18 часот и 30 минути.

Медиумите во Италија, предводени од РАИ ТВ притиснаа да се смени домаќинот на Супер купот, поради убиенот новинар неодамна во Саудиска Арабија. Медиумите поднесоа и петиција, но челниците на Серија А не попуштија и не го сменија претходно одбраниот град домаќин.

Серија А со организирање на Супер купот надвор од Италија сака да ја популаризира лигата, бидејќи на маркетинг план заостанува многу зад англиската Премиер и шпанската Ла лига.

Средбата на шампионот во Италија и победникот во Купот шести пат ќе се игра во странство. Три пати на најдобрите екипи од „чизмата“ беше Пекинг, а по еднаш Шангај и Доха.

OhridNews