Серија А ќе продолжи и ќе заврши со одигрување на сите 38 рунди. Италијаните ќе ги искористат новите мерки од УЕФА, која вчера го пролонгираше крајниот рок за завршување на првенствата од 30 јуни до 3 август.

Во првата половина од мај месец, фудбалерите треба да се вратат во екипите и да почнат со тренинзи. На почетокот од јуни месец ќе започнат натпреварите, пред празни трибини.

Медиумите од апенините излегоа со јасен план како ќе изгледа новиот распоред во италијанскиот фудбал. Први на програмата ќе бидат полуфиналните мечеви во Купот на Италија, а потоа ќе стартува Серија А. Мечевите од најсилната лига во Италија ќе се играат во јуни, јули и еден викенд во август.

Во овој момент, лидер на табелата е Јувентус со 63 бодови. Втор е Лацио со 62 бодови а Интер е третопласиран со 54 бодови и меч помалку.

Ваквиот епилог и завршување на сезоната ќе има влијание на почетокот од следната и преодниот рок. УЕФА и Серија А ќе треба допрва да потврдат старт на новата сезона и периодот за ангажман на нови фудбалери.

OhridNews