Ситуацијата во Италија со пандемијата на вирусот Ковид -19 е далеку од идеална. Фудбалерите се вратија во екипите и почнаа со тренинзи, но никој за сега не гарантира за рестартирање на сезоната во Серија А.

Цела надеж за продолжување на мечевите доживеа нов удар, откако Фиорентина информираше дека има шест позитивни случаи на коронавирусот во екипата. Три од шесте позитивни лица се фудбалери, што дополнително ја компликува ситуацијата. Фудбалерите според протоколот и мерките, веднаш се префрлени во самоизолација и не смеаат да имаат контакт со други лица најмалку 14 денови.

„Виолетовите“ најавија почеток на тренинзите после тестирање на сите членови во клубот.

Челниците на италијанскиот фудбал цврст став имаат околу прекинувањето на шампионатот, но немаат точен датум, кога и како ќе продолжи сезоната.

OhridNews