Без вистинско дерби, но со неколку интересни пресметки на 20 септември ќе започне новата сезона во италијанската Серија А.
Во фокусот на стартот на „калчо“ лигата ќе биде средбата Лацио – Аталанта, а внимание ќе привлече и дуелот помеѓу актуелниот шампион Јувентус и Сампдорија. Интер ќе тргне на гостински терен кај Беневенто, додека Милан ќе се судри со Болоња. Елиф Елмас и Наполи ќе ги одмерат силите со Парма, а Џенова на Горан Пандев ќе стартува со Кротоне.
Супер дерби во Серија А ќе има во третата рунда кога ќе се сретнат екипите на Јувентус и Наполи.
Двојки 1.рунда:
Беневенто – Интер
Фиорентина – Торино
Џенова – Кротоне
Јувентус – Сампдорија
Лацио – Аталанта
Милан – Болоња
Парма – Наполи
Сасуоло – Каљари
Удинезе – Специја
Верона – Рома
OhridNews