Хитот во Серија А од минатата сезона, Аталанта продолжи во ист стил во новата, откако на Олимпико со 4-1 го преслуша составот на Лацио во дербито на колото.
Избраниците на Џан Пиеро Гаспарени триумфот во Рим го најавија во 10-та минута кога поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Госенс. Во 32-та минута следуваше нов шок за „лацијалите“. Аталанта поведе со 2-0 преку Хатебоер. Кошмарното прво полувреме за домаќините го комплетираше Гомез кој во 41-та минута реализираше за 3-0. Во вториот дел Лацио намали на 3-1 со голот на Каиседо, но Гомез со уште еден погодок во мрежата на домаќините ја запечати победата од 4-1.
Три бодови на табелата запиша и Интер. „Нероазурите“ со 5-2 го совлада Беневенто. Два погодоци во триумфот на Интер постигна Ромелу Лукаку, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Гаљардини, Мартинез и Хакими.
Удинезе каде што настапува Илија Несторовски на домашен терен изгуби од Специја 0-2. Македонскиот репрезентативец влезе во 64-та минута при негатива од 0-1 и не успеа да и помогне на екипата да избегне пораз.
OhridNews