Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе добие нов капитен и лидер на екипата после официјалното разделување со Серхио Рамос. Дефанзивецот и „кралевите“ не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката и по 16 сезони завршува една од најубавите приказни во фудбалот.
Серхио Рамос во текот на кариерата во „кралскиот“ клуб освои вкупно 22 титули од кои за издвојување се петте трофеи во Ла лига и четирите во Лигата на Шампиони.
Дефанзивецот кој не е дел од шпанската селекција за сега нема пуштено рака за соработка со друг клуб, а очекувано интересот е голем.
- Гатузо и Фиорентина ќе се разделат по три недели соработка
Џенаро Гатузо би можел да ја напушти екипата на Фиорентина три недели после официјализирањето на соработката.
Како причина се наведува различните гледишта на трансфер пазарот. Во име на Гатузо преговара Хорхе Мендес, додека Фиорентина не сака да ангажира дополнителни агенти.
Гатузо на клупата од Фиорентина дојде од Наполи.
OhridNews