Францускиот дрим тим Пари Сент Жермен во најскоро време треба да додаде две големи ѕвезди во екипата, бидејќи пред преселба на „Паркот на Принцовите“ се Серхио Рамос и Ашраф Хакими.
Шпанецот Серхио Рамос во клубот од Париз ќе се пресели како слободен фудбалер и ќе потпише двегодишен договор со плата во висина од 12 милиони евра по сезона.
Што се однесува до Хакими, тој ќе стави потпис на четири годишен договор. ПСЖ за него ќе плати оштета околу 75 милиони евра со бонус, пари кои ќе ги поделат Интер и Реал Мадрид каде настапуваше претходно.
ПСЖ исто така напорно работи во расчистување на иднината на Моисе Кин. Италијанскиот фудбалер настапуваше за ПСЖ како позајмен фудбалер од Евертон, но двата клуба се далеку од било каков договор околу иднината на Кин.
OhridNews