Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на официјална средба со медиумите зборуваше за својата иднина откако во шпанските медиуми се шпекулираше со заминување од Сантијаго Бернабеу поради кавга со првиот човек на клубот Флорентино Перез. Дефанзивецот отфрли заминување од Реал Мадрид и преселување во Кина и изјави дека е подготвен кариерата да ја заврши во дресот на „кралскиот“ клуб.

  • Јас сум мадридиста и сакам да се пензионирам овде. Ако некогаш замина, тоа ќе го направам како победник. Вистина е дека имаше понуди од Кина. Но, мене парите не ми се важни и би играл без никаков надомест за Реал Мадрид. Во ниту еден момент не размислував за трансферв Кина. Сите дилеми помеѓу мене и клубот се решени за едно попладне. Имаше работи кои не ми се допаѓаа и ми разбудија некои сомнежи, но работите ги решивме лице в лице и се брзо и позитивно се реши. – изјави Серхио Рамос.

Шпанскиот репрезентативец во Реал Мадрид се пресели од Севиља 2005 година и од тогаш до ден денес е незаменлив на стоперската позиција. Во сите успеси на „кралевите“ директно учествуваше, а секој љубител на фудбалот се сеќава на неговиот погодок против Атлетико Мадрид во судиското продолжение со кој израмни и му даде втора шанса на својот тим која не прокоцка и го освои трофејот во ЛШ.

OhridNews