Рускиот музички уметник Сергеј Малов, синоќа одржа прекрасен концерт во катедралната црква Св. Софија. Тој е еден од ретките изведувачи на инструментот Виолончело „Da Spalla“, кој за прв пат можеше да чуе на “Охридско лето“.
Малов е еден од најистакнатите виолинисти од помладата генерација, кој освоил бројни престижни награди и има настапувано со многу познати музички имиња.
Малов пред фестивалската публика во исполнетата Св. Софија изведе дела од Бах и Барток.
Сергеј Малов настапува со водечките европски оркестри меѓу кои Оркестарот на Баварското радио, Филхармониите во Лондон, Москва и Санкт-Петербург, како и со бројни познати светски изведувачи.
фото: Емилио