Американската тенисерка Серена Вилијамс открила поради која причина не би трчала на познатиот Њујоршки маратон, како што тоа неодамна го сторила нејзината колешка, исто така врвна и позната тенисерка, Каролина Возњацки. Таа рекла дека нејзиниот задник е преголем за да го стори тоа.

Тоа го изјавила на Твитер кога одговарала на прашања на фановите во склоп на акцијата “Ask Me Anything”. Тука интересните моменти не завршиле. Еден од фановите ја прашал дали има момче, на што таа одоговирла “Не, затоа што тоа е моја волја“.