Серена Вилијамс наскоро ќе стане мајка, барем ако може да му се верува на порталот „Tennis Times“. Според нивните зборови, Серена веќе 12 седмици е бремена со раперот Дрејк. Тенисерката и музичарот наводно се во врска од август оваа година, а радосната вест ја поделиле со наблиските пријатели и соработниците.

 

Извор близок до Дрејк раскажа дека раперот рекол како снимката од ултразвукот на својот иден син ќе ја стави на омотот на својот нов албум „Views from the 6“ и така на сите ќе им стави до знаење дека ќе стане татко. Веста ја потврди и блиска пријателка на тенисерката. Таа вели дека Серена е бремена и носи дете од Дрејк. Додава дека Серена избегнува да се појавува во јавност бидејќи веќе и наѕира трудничкиот стомак.