Најдобрата тенисерка на светот, американката Серена Вилијамс се фотографирала гола за спортскиот часопис ESPN. Специјалниот збор со тенисерката ќе излезе оваа есен. Освојувачката на 22 гренд слем титули и два златни олимписки медали неодамна учествувала со тим уметници во составувањето на сопствената восочна фигура.
Серена во музејот Мадам Тисо во Њу Јорк е облечена во една од омилените комбинации, онаа која ја носела на УС Опен 2004 година. Фигурата ќе биде изложена во спортскиот дел на музејот. Тој е интерактивен дел на музејот посветен на љубителите на спортот.