Една од најдобрите и најтрофејните тенисерки, Серена Вилијамс не си било туку со Мајк Тајсон се подготвува за новата сезона во „белиот спорт“. Серена Вилијамс посакува да биде топ форма, а првиот чекор до остварувањето на целта го направи тренирајќи со прославениот боксер.

Американката преку боксерски тренинзи ќе ја подигнува физичка подготвеност и силина на ударот. Вилијамс последнава година не успеа да се врати во врвот после породувањето и паузата поради мајчинството.

OhridNews