Една од најдобрите тенисерки на сите времиња Серена Вилијамс го одигра последниот натпревар во кариерата, откако во третото коло на УС Опен по повеќе од три часа игра загуби од австралиската тенисерка Ајла Томљановиќ со 7-5, 6-7, 6-1.

И покрај елиминацијата, околу 24.000 навивачи на трибините на „Артур Неш“ со овации како победничка ја поздравија америанксата тенисерка која шест пати го освои УС Опен.

Серена Вилијамс неколку недели пред почетокот турнирот во Њујорк најави дека тоа ќе биде нејзин последен настап во кариерата, која ја завршува со една грен – слем титула помалку од светската рекордерка Маргарет Корт (24 титули).

Сега сум подготвена да бидам мајка и да ја истражам другата верзија на Серена. Технички, сè уште сум многу млада и би сакала да уживам во животот додека сè уште ме држат нозете, изјави Серена Вилијамс.

OhridNews