Романската тенисерка Симона Халеп ја освои титулата на Вимболдон во женска конкуренција. Халеп во големото финале ја совлада Серена Вилијамс со 2-0 во сетови (6- 2, 6-2).
До првата титула на Вимболдон инаку втора вкупно во кариерата од грен слем турнирите Халеп стигна за неполн час игра со комплетна доминација. Романката играше перфектено, а ја користеше секоја минимална прилика да ја казни Серена Вилијамс која на беше на висина од задачата.
Халеп во првиот сет поведе со 3-0 во гемови, откако освои два на противнички и еден на свој сервис. До крајот ја задржа предноста и поведе со 1-0. Слична ситуација следуваше и вториот сет. Романката направи два брејка овој пат за водоств 3-2 односно 5-2 и го финишира мечот за титулата.
Финалето во женска конкуренција е најава за тенискиот блокбастер кај машките кој ќе се одигра утре помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рожедер Федерер.
OhridNews