Канаѓанката Бјанка Венеса Андреску триумфираше на американскиот грен слем турнир. Андреску својот сон во јаве го претвори со победата над Серена Вилијамс во финалето. Тенисерката од Канада славеше во два сетови со 6-3 и 7-5.
Андреску, не потклекна пред притисокот од публиката која очекувано наклонета беша кон Вилијамс и притисокот од најтрофејната тенисерка. 19-годишната Андреску покажа зрелост и смиреност на искусен играч во вториот сет кога не и одеше се од рака. Вилијамс бркајќи ја негатива почна да игра брзоплето а Андреску ги доведе работите во своја контрола и во два сетови ја освои првата титула во кариерата.
- Почнав да се плашам на 5-5 во вториот сет кога Вилијамс почна да се враќа и доминира на теренот. Си реков во мене дека мора да се држам до тактиката договорено пред мечот иако публиката беше толку гласна што не можев да си ги слушнам мислите. Не можев да ја изолирам публиката, но на крајот останав смирена и ја спроведов тактиката која ме одведе до победа. – изјави после освојувањето на титулата, Андреску.
Завесата на грен слем турнирот УС Опен ќе се спушти со машкото финале во кое ќе се сретнат Шпанецот Рафаел Надал и рускиот тенисер Данил Медведев.
OhridNews