Американската тенисерка и поранешен прв светски рекет Серена Вилијамс ја објави својата намера да игра на УС опен оваа година.

Вилијамс ноќта меѓу 28 и 29 јуни, загуби од Французинката Армони Тан во првото коло на Вимблдон (5:7, 6:1, 6:7 (7:10)).

Сега дефинитивно имам сериозна мотивација да станам посилна и да настапам во мојот дом УС Опен, изјави 40-годишната Вилијамс.

Годинава Отвореното првенство на САД ќе се игра од 29 август до 11 септември.

OhridNews