Голманот на ГФК Охрид Дамјан Серафимов повикан да настапува за репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

На 24. март играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

OhridNews