Менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон е казнет со пет натпревари и 30 000 фунти. Шкотланѓанецот казната ја заработи по бурната реакција на натпреварот со Челси откако главниот арбитар Мартин Еткинсон покажа на белата точка, по стартот на Смајлинг врз Жирков. Фергусон негодуваше и на грубиот стартот на Давид Луиз над Вејн Руни што не беше санкциониран од судијата.



Суспензијата на Фергусон одма стапува во сила, “стариот лисец“ ќе ги пропушти натпреварите во Премиер Лигата со Вест Хем, Фулам, Евертон и Арсенал додека на клупата нема да е на 1/2 финалето од ФА Купот каде Манчестер Јунајтед ќе се сретне со градскиот ривал Манчестер Сити.

Мх.П.