Охриѓани и туристите кои во овој период од годината престојуваат во Охрид деновиве го користат сончевото и топло време за одмарање на плажите. Освен на плажите од крајбрежјето, викендов имаше септемвриско сончање и капење и на охридскиот кеј.
Според прогнозите на метеролозите и во текот на оваа седмица се очекува температура која што ќе биде над просекот за овој дел од годината. Ќе имаме претежно сончево време, а температурата ќе бележи пораст од ден на ден.
Во вторник максималната температура ќе биде до 31 степен во повардарскиот регион, до 30 степени во Пелагонија и до 28 степени во Охридско-преспанскиот крај. До петок се очекува пораст на температурата во просек за околу 2 степена на ден, па во петок во делови од Македонија се очекува да бидат измерени температури над 35 степени.
OhridNews