Она што досега не им успеа на сите светски политичари да го сторат, на едно место да ги стават Албанците и Србите му успеа на Ирскиот клуб “Даблин“. Имено синоќа во овај клуб гости беа менаџери и ревизори кои во Охрид се повеќе дена на обука.

Она што е интересно е тоа што синоќешниот фудбалски натпревар помеѓу Албанија и Србија на едно место го следеа и албанците и србите во “Даблин“. Домаќинот се погрижи ништо да не недостасува и со поставени два видео бима беше интересно да се гледа како и едните и другите си навиваат за својот тим, а седат на исти маси на исто место.

Навивањето беше на високо ниво со возбудувања во зависност од акциите секој за својот тим. Албанците на крајот им честитаа на своите колеги од Србија, а не изостана ни наздравувањето за пријателствтото помеѓу сите без разлика на национална или државна припадност.

Од “Даблин“ беше пратена пораката до политичарите дека сепак треба многу работи да ги остават на народот кој знае попросто и мирно да ги реши сите проблеми. Не случајно не го спомнуваме резултатот. Затоа што и за овие луѓе од различна национална припадност во прв план беше заедничкото дружење во однос на резултатот. Браво за “Даблин“ како домаќин и браво за гостите. 

OhridNews