Британската компанија „Смолфрај“ патентирала штитници со сензори и магнети, кои на судиите би требало да им помогнат да откријат симулирање на прекршоци на натпреварите. Сензорите и магнетот можат да евидентираат дали противничкиот играч бил во близина и дали евентуално направил прекршок.


Енди Шо, креаторот на штитниците, рекол дека кога ќе дојде до контакт со сензорот се активира аларм и во тој момент судијата информацијата за прекршокот ја добива преку слушалки. Доколку фудбалерот се обиде да симулира, алармот нема да се огласи. Судијата Џек Винтер, кој го испробал патентот, рекол дека идејата е интересна, бидејќи навивачите не сакаат симулирање, но додал дека не е сигурен дали таа ќе заживее ширум европските терени.