Македонскиот маратонски пливач Томи Стефаноски сензационално триумфираше на патеката Сен Жан во Канада од гран при серијата.

Стефаноски 32 километри долгата патека Сен Жан ја преплива за 6:51.18 часа. Второпласиран финишираше Едоардо Стокино од Италија, кој цели 18 секунди заостана зад Македонецот.

– Пресреќен сум што успеав да победам на Сен Жан. Оваа вода многу ми лежи, затоа што е студена и ме држи во ритам. Имавме голема борба со Едоардо Стокино, знаев дека не смеам да му дозволам да ми избега, бидејќи тој има фантастичен финиш, што повторно го докажа – рече Стефаноски.

Вториот македонски преставник Евгениј Поп Ацев го освои петтото место и најави интересен маратон во Охрид, кој ќе се одржи на 24 август.

Мх.П.