Охридскиот Амак СП победи со 78-69 и обезбеди пласман во втората рунда од Фиба Евро Челинџ купот.

“Езерџиите“ беа во водство во текот на целиот натпревар кое на моменти изнесуваше и над десет поени.  За охриѓани доволна беше победа од шест поени разлика.


Најефикасен беше Чубрило (20 п и 9ск), додека двоциферни мечот го завршија Богоев 17 п, Агоч и Совкоски 11 п.

Во наредното коло Амак ќе игра против холандскиот  Ајфел Таурс.

фото : Грегор Катич
М.Постоловски